
Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ кај македонското гласачко тело на нешто повеќе од 2 недели пред изборите. На прашањето за кого би гласале ако утре се одржат парламентарни избори, 31,6% отсто одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 23,1% за СДСМ.
И опозициската Телма не можеше да ја заташка огромната предност на ВМРо-ДПМНЕ пред СДСМ кај Македонците, иако се потруди со разни фиктивни сценарија и тези. Во вечерашната „Топ Тема“, Боби Христов го презентираше убедливото водство на ВМРО-ДПМНЕ против СДСМ кое е неспорно.
Единствена надеж за пристоен пораз на СДСМ се Албанците и токму затоа СДСМ се ослонуваат на Албанците ветувајќи распродажба на државните интереси.
Анкетата на МЦМС пред изборите во 2014-та кога предвидуваше предност на ВМРО-ДПМНЕ од 5,2 отсто, а конечниот резултат беше 11%
Ако се земе предвид дека авторот на оваа анкета Сашо Клековски и неговиот институт во 2014 година промашија за половина, предвидувајќи победа на ВМРО-ДПМНЕ од 5,2%, а партијата на Груевски победи со реќиси 11%, сега според оваа анкета работена по истата методологија разликата ќе биде околу 10% односно 160.000 гласови разлика и нова убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ.