
Второ, додаде Груевски, многу важно- слушам како вчера во Кочани, државата во која сите живееме и треба да си ја почитуваме, и каде имаме семејства, тој ја нарекува дијазепам, хелекс држава, а претходно кажа дека е грдо лицето на Македонецот, па пред тоа кажа дека државата треба да е со свиткана кичма за да го реши спорот за името што е суштински важен за опстојување на државата.
-И не можам да не ги искоментирам овие навреди кои се одлика на еден крајно нестабилен карактер. Ниту Македонецот е грд, ниту државата во која живееме е дијазепам, туку ова е горда држава во која генерации Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби, живееле и живеат еден покрај друг. Потценувањето на сопствената држава и на народот многу повеќе говори за неговиот карактер. Овде живее горд народ и оваа е држава на сите нас. На оваа земја и е потребен развој, а не прекројувања, десеткувања, рекомпонирања. И не му е сега мајката да се растури државата, туку сега му е мајката да се исфрли од политичката сцена овој измамник и да продолжиме да градиме економски моќна држава, како што тоа веќе го започнавме, потенцираше Груевски.
Одговорот на народот, рече тој, допрва следува. -Тој крик на народот кој се прати што се случува и многу добро проценува, ќе стави крај на неговата политичка кариера, колку и да се лупа во гради и да мавта со разно разни планови, договори, прекројувања, тоа нема да го спаси од вољата на народот. Го делат две недели од крикот на народот што ќе го снајде, од одлучното излегување на народот и гласање против политиките на СДСМ и за политиките ВМРО-ДПМНЕ.