
Кандидатот за пратеник во Изборната единица 3, Емил Димитриев во Пробиштип оствари средби со пензионери и со просветни работници и ги презентираше проектите од новата изборна програма „Реално“, за кои што нагласи дека ќе допринесат за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани.
Тој во рамки на Општина Пробишти ги посети населените места Трипатинци, Страмос, г.Стубол, д.Стубол и Плешанци.
Граѓаните кои присуствуваа на средбие со Димитриев, ја истакнаа својата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија.
Македонија и потенцираа дека се против црните сценарија на Зоран Заев и СДСМ за воведување на двојазичност и федерализација.