
Зек смета дека ВМРО-ДПМНЕ како сестринска партија на ЕПП работи одлично посебно во време кога нашиот континент се соочува со сериозни предизвици како мигрантската криза, тероризмот, безбедносните закани.
Соочувајќи се со овие предизвици македонската влада предводена од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ демонстрираше посветеност, кредибилност и очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите и тесно да соработуваме во иднина.
Во врска со 8 последователни позитивни извештаи кои ги доби Македонија од Европската комисија и 8 последователни препораки за старт на преговорите со европската Унија Зак вели дека сега на ред е ЕУ која треба да биде поотворена кон Македонија .
-Не само што добивте 8 препораки, секоја година бевте подобри од претходната. Има силно подобрување во изминатите 8 години во вашата земја кога станува збор за економската состојба, безбедносната и политичката состојба. Ова сега е задача на Европа, која е нашата стратешка цел и стратешка задача и надворешна политика за Западниот Балкан. Ако сакате да го поканите Балканот да дојде во Европа и јас силно го подржувам членството на Македонија во НАТО и ЕУ, тогаш мораме не само да бараме реформи во вашата земја туку и да ги исполниме очекувањата и да ве поканиме во ЕУ, рече Зак во интервјуто за Сител.