
На изборите на 11 декември ќе гласаат и 13 внатрешно раселени лица, 2.015 лица кои се во притвор или во затвор. Во просториите на ДИК, пред изборите, ќе гласаат и 320 лица кои се членови на Избирачките одбори во дијаспората.
Избирачкото ливче ќе ги содржи имињата на сите 11 коалиции и партии што имаат кандидати на изборите. Во онаа изборна единица каде поголем број од жителите се припадници на некоја од заедниците избирачкото ливче ќе биде на македонски јазик и на нивниот мајчин јазик.