НБРМ ја усогласува платежната статистика со европските стандарди

нбрм

/НБРМ инфрормира дека во согласност со нив, известувачите доставуваат месечни податоци за сметките за вршење плаќања, платежните картички од аспект на брендот и видот на картичката, уредите што прифаќаат платежни картички, платежните трансакции по типот на платниот инструмент и типот на уредот, типовите учесници во платните системи и за плаќањата обработени преку платните системи. Притоа, за првпат известувачите доставуваат податоци за трансакциите направени со платежни картички на уредите опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени надвор од земјата, како и податоци за трансакциите на уредите опслужувани од страна на нерезидентни обезбедувачи на платежни услуги надвор од земјата со картички издадени во земјата. На овој начин платежната статистика опфаќа и податоци за прекуграничните трансакции во работењето со платежните картички.