
Членови на СДСМ попладнево во Гостивар се обидуваат да предизвикаат инцидент. Со албански знамиња со рацете, членовите на СДСМ се обидуваат да се уфрлат во митингот кој го одржува ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и да провоцираат.
Според присутните на митингот ова е одраз на силен кукавичлук и нема да дозволат да бидат исповоцирани.
-Вечерва со нас овде по гостиварските улички имаме членови на Социјадемократскиот сојуз кои се со албански знамиња. Да ги поздравиме, сакаат провокации, немири, но тоа како поминува времето е одраз на силен кукавичлук. Знаат дека на 11 декември со силен и драматичен удар ВМРО-ДПМНЕ ќе ги порази, истакна на митингот во Гостивар Валентина Божиновска.