
Искажувам голема благодарност до сите, кои на темепература од минус пет степени и ветровито време да нé поддржат во толкав број. За разлика од собирот на СДСМ во сала со 450 седишта, ние синоќа имавме митинг на кој имаше над пет илјади луѓе. Освен наши симпатизери, имаше неопределни, од други партии од сите националности. Исто така имаше и членови на СДСМ кои се разочарани или се пасивизирани и имаат намера да го дадат својот глас за унитарна Македонија и зачувување на уставниот поредок, рече Ѓорчев.
На прес конференцијата Ѓорчев посочи дека победникот е познат, но како што нагалси потребни се 63 пратеници за да се сочува стабилен Гостивар и унитарна Македонија.