Анкета „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ

шатев

Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

Најголема поддршка од граѓаните за претстојните парламентарни избори има ВМРО-ДПМНЕ со 27,8 проценти по што следува СДСМ со 16,2 проценти, ДУИ со 4,8, БЕСА со 3,2, ДПА со 2,3, Алијанса за Албанците со 1,5, Левица со 0,9 и Коалицијата ВМРО за Македонија со 0,5 проценти, покажува анкетата на Институтот „Павел Шатев“ спроведена во периодот од 30 ноември до 2 декември.

Според резултатите од телефонската анкета, најголем број од испитаниците, односно 28,9 проценти се изјасниле дека нема да гласаат, а 13,9 проценти рекле дека не знаат за кого ќе гласаат.

 За кого ќе гласате на изборите на 11 Декември
Процент
Нема да гласам 28.9
Не знам 13.9
СДСМ 16.2
ВМРО-ДПМНЕ 27.8
ДУИ 4.8
ДПА 2.3
Коалиција ВМРО за Македонија 0.5
Левица 0.9
БЕСА 3.2
Алијанса за Албанците 1.5
Вкупно 100.0

 

 На кој политичар најмногу му верувате
Процент
На ниту еден 26.1
друг 1.5
Не знам 23.2
Зоран Заев 10.7
Никола Груевски 28.3
Али Ахмети 4.7
Мендух Тачи 1.9
Љубчо Георгиевски 0.3
Билал Касами 1.8
Зијадин Села 1.5
Вкупно 100.0

 

Кого би избрале за Премиер помеѓу Зоран Заев и Никола Груевски (Без испитаници Албанци)
Процент
Зоран Заев 14.1
Никола Груевски 50.4
Не знам 35.5
Вкупно 100.0

 

Која партија има подобра изборна програма

(Без испитаници Албанци)

Процент
СДСМ 18.2
ВМРО-ДПМНЕ 47.5
Не знам 34.3
Вкупно 100.0

 

Дали ја поддржувате идејата за двојазичност на цела територија на Македонија и нов рамковен договор за поголеми права на Албанците

(Без испитаници Албанци)

Процент
ДА 4.9
НЕ 93.5
Не знам 1.6
Вкупно 100.0

 

Дали на овие избори би поддржале партија која се залага за концептот на двојазичност во цела РМ и нов рамковен договор

(Без испитаници Албанци)

Процент
ДА 4.8
НЕ 93.1
Не знам 2.1
Вкупно 100.0

НАПОМЕНА: Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 3 %.