МВР: Не е најдено ништо сомнително во возилото кај Амбасадата на САД

сомнително

Како што информираа од МВР за МИА, нивна екипа веднаш е пратена на терен при што е направена проверка на возилото, но не е најдено ништо сомнително.

Возилото, како што велат од МВР, е земено на понатамошна проверка.

Вчера, Амбасадата на САД во Скопје објави на социјалните мрежи дека телефонските линии им се во прекин.

– Телефонските линии на амбасадата во моментот не се оперативни. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го Оперативниот центaр на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512, наведува Амбасадата на САД во објавата на Твитер.