Зошто наутро треба да се пие топла вода со лимон?

Чаша топла вода со ицеден свеж лимон е идеален утрински напиток, кој го препорачуваат голем број нутриционисти.

Ова се четири причини поради кои овој пијалак можете да го направите утринска рутина.

Детоксикација на организмот

Иако лимонот е прилично кисел, тој е неверојатен продукт кој му помага на телото да го врати својот природен ПХ баланс. Комбинацијата од лимон и вода го активира нашиот црн дроб и го поттикнува исфрлувањето на токсините од телото.

Губење на вишокот килограми

Лимонот содржи пектин, влакно кое помага во губењето на вишокот килограми. Доколку сакате чаеви со мед или шеќер, подобро конзумирајте го овој напиток кој е многу поздрава алтернатива.

Го активира дегестивниот систем

Овој едноставен пијалак го стимулира дигестивниот тракт и помага цревата подобро да ги апсорбираат хранливите материи.

Го смирува раздразнатиот стомак

Доколку вечерате доцна и внесете голема количина на храна, и потоа легнете да спиете со полн желудник, можете да почуствувате надуеност следното утро. Топлата вода го чисти вашиот систем, додека лимонот ја намалува киселината во вашиот желудник.