
Во обидот да се извече од Кривичнта одговорност за фалсификување и други Кривични дела кои во стек ги има направено, а со цел и натаму да ја манипулира јавноста, лажниот В.Д. Претседател, Дарко Димовски, инаку познат на јавноста како претседател на грански синдикат, кој воопшто нема никакви познавања на синдикалните активности и е претежно познат како приватен угостител очигледно ги заборавил резултатите кои ги има постигнато Сојузот на синдикатите на Македонија и претседателот Митревски од 2010 година па до денес, реагираат од ССМ.
Ви ја пренесуваме интегрално нивната реакција:
Точно една од придобивките и историски резултат е враќањето на правото на регрес за годишен одмор, односно К -15, кој токму за времето на Митревски стана достапен до работниците во Република Македонија.
Инаку предходно како што е познато ова право беше изгубено повеќе од 10 години , а со упорните активности и преговори со ОРМ , ССМ во 2013 година успеа да го врати ова право за работниците за разлика од лицата кои се обидоа да направат пуч и кои неможат да посочат ниту еден резултат во нивните синдикати.
Наместо самонаречениот лажен В.Д. Претседател, Дарко Димовски, да лаже и да го прашува Митревски зошто вработените во Јавниот сектор не земале регрес за годишен одмор, треба да се праша зошто вработените во јавниот сектор каде што тој е Претседател немаат земено регрес за годишен одмор, односно К-15, а Митревски таму каде што е Претседател обезбедил регрес за годишен одмор односно К-15.
ССМ успеа во овој период да стане лидер во работното законодавство и враќање на работничките права во Југоисточна Европа, иако знаеме дека некому очигледно му пречат овие резултати повторно истите ќе ги споменеме, а тоа се:
- донесување на Законот за минималната плата и обезбедувањето на социјалната и законска сигурност, Закон за мобинг, Закон за европски работнички совети, проширувањето на стандардите на трудот со ратификација на 8 нови Конвенции на МОТи најавата на уште 4 нови, тука се и измените на Законот за безбедност и здравје при работа кој интегрира проевропска позиција на Претседателот на Синдикат, имплементирање на 16 Европски директиви во Законот за работните односи, подобрување на работничките права со обврската за информирање и консултирање на работниците, забраната за дискриминација, заштита на посебни категории на работници како мајки, родилки и слично, елиминирање на потпишувањето на лажни изјави при вработувањето, електронска евиденција на прекувремената и ноќната работа, регулирање на бенифицираниот стаж на рударите во подземен коп и слично, измените во Кривичниот законик со санкции за неисплатена минимална плата или злоупотреба при исплаќањето и предвидените казни затвор, задржаната пензиска граница, потпишувањето на Колективниот договор за приватен сектор и враќањето на К-15, развивањето на социјалниот дијалог, потпишувањето на пактот за пристојна работа 2016-2020 со МОТ, меѓународното признавање на ССМ и полноправно членство во Светската и Европската конфедерација на сидикати и зголемувањето на вработувањето и намалувањето на невработеноста од над 38% до сегашните 24%.
На крајот оваа група на фалсификатори и злоупотребувачи на службената положба и овластување наместо да се обидуваат да прават пуч во ССМ и насилна и незаконска смена во ССМ, би било подобро барем нешто во нивниот „синдикален век“ да поработат за синдикатот и работниците во Македонија.