Трамп им оддаде почит на загинатите во Перл Харбор

харбор

Цитирајќи го поранешниот претседател Роналд Реган, Трамп изјави дека „непријателите на САД се промениле изминативе 75 години, но во стремежот кон мир не може да има сомневање во победата“.

Реган во 1987 го прогласи 7 декември за Национален ден во спомен на Перл Харбор.

Денес ние го носиме факелот на слободата, кој ни го предадоа тие храбри Американци, изјави вчера Трамп говорејќи за 2.403 загинати и 1.178 ранети во нападот.

На Хаваи стотици луѓе кои ги преживеале нападот, ветерани од Втората светска војна и членови на нивните семејства учествуваа во церемонијата во спомен на нападот.