
Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, во несреќата учествувале два автомобила со тетовски регистарски таблички, „поло“ управувано од Б.З.(19) од Желино и „пасат“ управуван од С.С.(70) од Стримница. Двајцата возачи, три сопатнички од пасатот и тројца сопатници од полото здобиле телесни повреди и биле пренесени во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош се пуштени на домшно лекување.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово и според првичните поидатоци, причина за несреќата е непочитување на првенство. Материјалната штета се проценува на околу 80.000 денари.
Се работи на целосно расчистување на случајот.