Ове мое писмо ти го пишувам за да знаеш како размислувам лично и го пишувам до тебе во прво лице. Две години те пратам како се препелкаш како риба на суво во непознат простор за тебе што се вика политичка сцена во Република Македонија.
Без да давам квалификационен вовед, ќе настапам директно со причини зошто мојот глас едноставно не оди на контото на твојата партија и коалицијата која ја предводиш. Нема да гласам за тебе:
1. Поради тоа што си во коалиција со разузнавачки бандити кои сакаш да ми ги претставиш како народни херои, а всушност имаат само една цел да ја исполнат својата патолошка желба за контрола на државата. Наместо да ги изолираш од општествено политичкиот живот и да ги користиш за тоа што го знаат најдобро да го работат, истите тие ги топориш на митинзи рамо до рамо со тебе, а толку крв на рацете имаат што неможе ниту Дунав да ги испере.
2. Поради тоа што си во коалиција со дете лидер на политичка партија чиј родител на 13.12 1969 година како извор на Б. Попристов му служел за воспоставување писмен контакт со Драган Богдановски. Цитирам: Во писмото Изворот ми споспомна дека во декември требал да патува за Полска и дека бил со намера да скршне и до Париз. Изворот деновиве заминува на 5 месечен научно истражувачки престој во СССР, така да не доаѓа во предвид негово заминување сега за Париз М, како ти се допаѓа цитатов? Тоа значи дека целосно си во канџите на УДБА шко разузнувачките рецидиви.
3. Поради тоа што водиш некрофилна политичка кампања злоупотребувајки ги децата жртви од Смилковско Езеро и тоа во платен политички ТВ спот. Имаш ли ти памет или главата ти користи само за кратко потстрижување?
4. Поради тоа што се фалиш од говорница со лажни празни ветувања дека ќе ги откриеш вистините за Мартин Нешковски, Никола Младенов, Смилковско Езеро, Диво Насеље. А во исто време твојот медиумски гуру Бранко Геровски вели да ги објавиш бомбите. Што е тоа Геровски што знае повеќе, М? Имаш резервен УСБ стик со разговори? Па нели све предаде? Зошто твојата вонуставна институција СЈО не те повика сега тебе на разговор? Логички Одговор: Затоа што имаш план за уцена на кого стигнеш, пред се стопанственици?
5. Поради тоа што во твојата програма гарантираш целосен реизбор во судството. Па тоа е директно мешање на законодавната во судската власт. Ваквото ветување ми личи како да е напишано во селска кооперација. Така да дефинитивно се согласувам со проф. Саво Климовски дека ти си директната причина за вонуставно метастазирање на правосудството. Гарант не си ја чул следнава информација па да ти ја пренесам: 10 години Академија за судии и јавни обвинители.
6. Поради тоа што твојата загриженост за медиумите посебно ме инспирира:
• Си слушнал за А1 Телевизија нели? Што не ти стои во програмата дека ќе ги амнестираш сите кои имаат солидарна парична или затворска казна од овој случај? Прво зошто имаш став кон све после употреба фрли, второ зошто јас за разлика од тебе на пример не се дружам со новинарски џукели кои во исто време се уредници во весници и уредуваат билтен на МВР (џандарски билтен, нали?) или пак со уредници кои ќе здиплат 40.000 Евра државни пари и кои види за чудо изведуваат софистирано вокабуларно фелацио пред Слободан Богоевски од типот: Вие сте разузнавач пар екселанс.
• Ќе си ја преиспитувал наставната содржина и програма на сите универзитети на кој се едуцираат идните или сегашните медиумски работници. Ти што поднесе закон за медиумите заедно со ЗНМ, МИМ и останатите организации?
7. Поради тоа што лицата на македонците не се грди, напротив ние сме убав и достоинствен народ, само некои изроди се откажуваат од националните интереси за ситни политички поени претворени во гласови на изборите што следат. Ти јасно се определи во која група си.
8. Поради тоа што пробуваш да не правиш при очи слепи, а при уши глуви. Дали некогаш си се преиспитал какви изјави даде во Берн, Прилеп, на ТВ 21, на НОВА ТВ итн? Џабе пробуваат да те извадат дека не збориш за двојазичност, кантонизација(секое село е свој кантон) и надминување на рамката од охридскиот договор. Што е најтрагично сакаш да ни ги претставиш своите луцидни идеи како визионерски, а всушност се апокалиптични.
9. Поради тоа што повторно преку агенцијата за истражување на јавно мислење Рејтинг сакаш да ни подметнеш лажно расположение на граѓаните за кого сакаат да гласаат.
10. Поради тоа што повеќе од Очигледно дека г-динот Србов со право стравува дека си спремен повторно да не ги признаеш изборите и да предизвикуваш нова криза.
11. Поради тоа што си аболициран од Бранко Црвенковски за обвинение дека си украл 8 милиони Евра и нормално си ја прифати како нормален чин, а твојата заменичка дека заедно со својот сопруг си го изнајмувале станот за нереални цени на приватна фирма со која директорува сопругот. Со што ако прашаш проценители на една институција ќе Ви кажат дека е извршена финансиска измама. Добрите познавачи на македонската политичка сцена имаат неколку заклучоци за твојата политичка и бизнис кариера кои се одвиваат во следниов единствен правец: Иако си создаде листи со помош на Владе Милчин за да ја контролираш пратеничката група сепак на 12 ти Декември ќе започне процесот на твоја детронизација, Стево Пендаровски е новиот лидер, а дел од пратениците ќе ти пребегнат во рок од 1 до 6 месеци.
За доброто на Република Македонија е да не те гонат за да завршиш во затвор, туку да те снема комплетно од сите сфери на оштеството онака мирно, како што правеле комунистите предвремено пензионирање.
П.С. Само поради тоа што почитувам една фамилија нема отворено да ја коментирам твојата високо сељачка ФБ комуникација со еден нивни член притоа злоупотребувајки ја искрената наклонетост кон СДСМ. Подобро за тебе е да не ти пишам во Карпош 1 стил.