![ssm-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/ssm-1.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Очигледно дека на самонаречениот В.Д претседател, Димовски, добро му се познати фалсификувањето на исправи, злоупотребите на службената положба, лажното претставување и други кривични дела, за коишто е соочен со казна затвор од 1 до 13 години, но никако не му е позната синдикалната работа која се заслужува со резултати, кои одат во полза на бенефит на работниците, како што е враќањето на К-15, донесување на Законот за минимална плата, ратификуваните конвенции и сл, регираат од ССМ.
Во продолжение нивната реакција:
Во обидот да ги прикрие кривичните дела што ги направи, криви му се и гранските синдикати и претставниците на власта, кои со успешен социјален дијалог, обезбедија зачувување на работните места, зголемување на вработувањата, елиминирање на опасностите да се остане без работа, како и практикување на можностите кои ги дадоа измените на Законот за работни односи да се спречи отпуштањето со лажни изјави, да се заштитат родилките и бремените жени, да се елиминира дискриминацијата и слично.
Изјавите на самонаречениот В. Д. претседател, покажуваат дека е тотален синдикален аналфабет, на кој не му е јасно дека, 13-те грански синдикати се самостојни и автономни здружени во ССМ, кои јасно му покажаа што мислат за него, давајќи му апсолутна поддршка на Митревски и на легитимно избраното раководство на ССМ, избрано на 19-тиот Конгрес каде што едногласно беше избрано.
И покрај сите обиди на Димовски да се извлече од криминалните дејности и фалсификати, не ќе може да се оттргне и од срамот кои си го нанесе на себеси и на тие три-четворица околу себе, настојувајќи од лични, опозициски и пропартиски интереси да го разбива единството и солидарноста, кое особено беше присутно пред неговото очигледно наменско доаѓање во ССМ.
Одговорот за поддршката на Митревски од 13-те гран синдикати кои сочинуваат над 80% од членството од синдикатите здржени во ССМ, доволно зборуваат за очајот во кој падна самонаречениот В.Д. претседател, кој треба да се соочи со повеќе кривични дела за кои е предвидена казна затвор од 1 до 13 години.