
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаба утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од 10 до 16 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до 12 степени.
Во понеделник попладне, а особен во вторник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.