
Костов потсети дека навреме биле отворени сите 60 избирачки места во Кавадарци и засега изборите се одвиваат без проблеми. Во Избирачкиот список за гласање на предвремените парламентарни избори во овој град се запишани 32.431 гласач.
Симоновиќ соопшти дека и во Росоман навреме биле отворени десет избирачки места и гласањето се одвива без проблеми. Во Росоман се регистрирани 3.393 лица со право на глас.