Обновени воздушните удари врз Алепо

Воздушните удари врз сирискиот град Алепо беа обновени денеска откако пропадна договорот за времено запирање на огнот меѓу владините сили и бунтовниците, тврди Сирискиот центар за човекови права.

Воздушните удари врз сирискиот град Алепо беа обновени денеска откако пропадна договорот за времено запирање на огнот меѓу владините сили и бунтовниците, тврди Сирискиот центар за човекови права.

Одново почнаа тешки борби вклучително и артилериски оган, ден по објавувањето на примирјето. Најмалку седум цивили загинаа денеска во бунтовничко гранатирање на два кварта под контрола на сириските сили, објави Сириската телевизија.

Според бунтовниците, режимот и сојузниците (Иран) побарале нови услови во примирјето.

Либанското движење Хезболах еден од главните сојузници на Асад, соопшти дека примирјето треба да има поддршка од сите страни, меѓу кои и Русија и Иран.

-Никаков договор за Алепо не може да биде факт без целосна анализа на ситуацијата на бојното поле и хуманитарните прашања во други региони, предупредува Хезболах. Тие тврдат дека според договорот, е предвидено северниот сириски град да го напуштат 15.000 луѓе од кои 4.000 бунтовници.