Иако гостите од Виго, со голот на Иаго Аспас во 54.минута имаа предност од 1:0, сепак во завршницата од мечот домашните фудбалери успеаја да слават победа. Прво Адуриз од пенал во 82.минута изедначи на 1:1, а во третата минута од судиското надополнување Сан Хосе и донесе победа на екипата на Атлетик.
На претходно одиграните натпревари беа постигнати овие резултати:
Барселона – Еспањол 4:1,
Депортиво Ла Коруња – Осасуна 2:0,
Леганес – Еибар 1:1,
Севиља – Малага 4:1,
Гранада – Сосиедад 0:2,
Атлетико Мадрид – Лас Палмас 1:0,
Спортинг Хихон – Виљареал 1:3 и
Алавез – Бетис 1:0.
Средбата од ова коло меѓу Валенсија и Реал Мадрид беше одложена поради настап на „Кралскиот тим“ на Светското клупско првенство.
Табела: Реал Мадрид 37 бодови (натпревар помалку), Барселона 34, Севиља 33, Виљареал 29, Сосиедад 29, Атлетико Мадрид 28, Атлетик Билбао 26,…
Поради католички Божик следува пауза во Шпанското фудбалско првенство се до 6 јануари за кога се закажани натпреварите од 17.коло.