Прокетот е реализиран преку Програмата за зачувување на природата преку источниот плански регион.
Со средства од 3 милиони и 300 илјади денари од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) извршена е реконструкција на зграда на Пониква, при што објектот се состои од сала за состаноци и работилници, изложбен дел за информативно-туристички материјали, канцеларија и две помали простории. Инсталирано е подно затоплување на пелети, изјави градоначалникот на општина Кочани Ратко Димитровски.
Главната цел на Туристичкиот информативен центар е да нуди што поголема достапност на информации за локалитетот, за Спортско-рекреативниот центар „Пониква“, како и за Источниот Регион, истакнува Димитровски.
Исто така центарот ќе има за цел да промовира зачувана и унапредена животна средина, одржливо користење на енергијата, развој на различни видови туризам, како и да ги зајакнува институционалните и човечките капацитети за развој на туризмот во кочанско.