Меркел: Ќе биде тешко да прифатиме ако напаѓачот е азилант

Во своето прво обраќање по вчерашниот терористички напад во центарот на Берлин, во кој загинаа 12 луѓе, а 48 беа повредени, германската канцеларка Ангела Меркел видно вознемирена порача дека ако се потврди дека напаѓачот добил заштита во Германија, тоа ќе биде тешко прифатено од сите во земјата.

– Знам дека ќе биде особено тешко за сите нас да прифатиме доколку лицето кој го извршил овој акт побарало заштита и азил во Германија, изјави канцеларката Меркел на вонредна прес-конференција во Берлин, јавува дописникот на МИА од главниот град на Германија, каде се уште се чувствува шок по вчерашниот терористички напад.