Напаѓачот од Берлин е уште е на слобода, уапсен е погрешен човек?!

Осомничениот како извршител на терористичкиот напад со камиот на божикниот базар во германската престолнина Берлин од понеделникот вечерта, се уште е на слобода и најверојатно е вооружен, пишува во вторникот Die Welt повикувајќи се на безбедносни извори.

Според другите германски медиуми, полицијата во Берлин, исто така, се придржува до можноста дека приведениот во понеделникот Пакистанец „не е човекот“ кој може да биде извршител на терористичкиот напад,

Германската полиција мисли дека човекот од Пакистан, кој беше уапсен како осомничен за нападот на божиќниот пазар во Берлин во кој загинаа 12 лица, не бил вистинскиот извршител, објави весникот Die Welt, повикувајќи се на високи безбедносни извори.

„Ние имаме погрешен човек”, изјави висок претставник на шефот на полицијата. „И затоа имаме и нова ситуација. Вистинскиот сторител се уште е на слобода, се уште е вооружен, и може да предизвика нова штета”, агенцијата Reuters цитира изјава пренесена од германскиот весник.