![133495042 анкара](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/133495042-8.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Според податоците на телевизијата, шест лица се приведени во округот Ајдин, каде е роден убиецот Мевлут Мерт Алтинташ. Меѓу приведените се таткото, мајката, сестрата и други роднини на Алтинташ. Уште шест други лица се уапсени во Измир. Во Анкара е приведен и еден адвокат, во чиј стан престојувал убиецот.
Рускиот дипломат беше убиен во понеделникот, за време на отворање на изложба на фотографии во Центарот за современа уметност во турската престолнина.