Шпанските медиуми и понатаму се убедени дека актуелниот предводник на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино ќе си замине од „Ноу Камп” на крајот од атуелната сезона.
Приказната околу прекинот на соработката отиде до таму што шпанските медиуми почна да пишуваат дека Мартино по завршувањето на престојниот Мундијал во Бразил ќе биде именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Аргентина.
Претходните информации околу иднината на Мартино и можниот прекин на соработката со каталонскиот гигант експресно беа демантирани од раководните лица на Барселона кои и понатаму остануваат на ставот дека се задоволни од работата на поранешниот селектор на Парагвај иако конечната оценка за неговата работа ќе биде дадена на крајот од актуелната сезона.
Излезната врата од „Ноу Камп” сигурно ќе му биде покажана на Мартино доколку Барса не ја освои шампионската титула во Примера дивизион или пак победничкиот пехар во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.