Нови 53 дивоградби легализирани во Кисела Вода

кисела вода

Од Општина Кисела Вода информираат дека бројот на поднесени барања без геодетски елаборат изнесува 3.724. Изготвени се уште 207 урбанистички согласности, од кои, за 176 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.

Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.