
Градот Скопје во тридневна вонредна акција ги расчистуваше дивите депонии, парковското зеленило, наносите на песок, земја и лисја, сливниците и ги метеа улиците во општината Гази Баба.
Градот Скопје во тридневна вонредна акција ги расчистуваше дивите депонии, парковското зеленило, наносите на песок, земја и лисја, сливниците и ги метеа улиците во општината Гази Баба.
Акцијата ја спроведоа екипи на јавните претпријатија на Градот, односно вработени од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Паркови и зеленило“.
Акцијата вчера и денеска се реализираше во Чаир, а од 26 до 28 декември ќе се спроведе во Општина Центар.