За прегласувањето во Теарце ДИК ќе има само еден прес

Државната изборна комисија денеска соопшти дека во недела кога ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во Теарце ќе одржи една прес-конференција во 21:30 часот, во седиштето на Комисијата.

Од ДИК соопштуваат и дека за одѕивот на гласачите на избирачкото место 2011, заклучно со 10, 13 и 17 часот, ќе информираат преку соопштенија.