Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот билтен, во СВР Штип вчера во 05.45 часот П.С. пријавил дека во планинарскиот дом „Вртешка“ е пронајден починат Љ.Д. Починатиот планинар, кој бил со срцеви заболувања, отишол во домот завчера околу 13 часот.
Увид извршила увидна екипа на СВР Штип.
По наредба на јавен обвинител телото на Љ.Д е пренесено во Клиничка болница Штип, каде ќе биде извршена обдукција.