
Во Кинотека на Македонија денеска ќе се одржи изложба на скулптури од отпад, кои се изработени од ученици од повеќе скопски основни училишта.
Организатор на настанот е „Еуро Екопак ДОО Скопје“, во соработка со Детскиот ликовен центар -Скопје каде што во членуваат деца на возраст од четири до 18 години. Се работи за традиционална манифестација која годинава се одржува под мотото: „Творам, креирам, рециклирам“.