Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
АМСМ потсетува дека е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од попладне ќе има повеќе врнежи, а на планините во западните делови ќе се формира снежна покривка. Снег ќе има и на некои повисоки места, од над 600 метри надморска височина.