Избраниците на селекторот Лино Червар напорно работат во Маврово, а оптимистички расположен е десното крило Гоце Георгиевски.
Се работи навистина напорно, тука во Маврово пред се на физички план. На тактички план акцент ќе има пред се на вториот дел од подготовките во Скопје, иако и тука веќе нешто тренираме. Играме во тешка група, но со напорна работа за нас е остварлив е и пласманот во вториот круг (осминафиналето), изјави Георгиевски.
Репрезентацијата во Маврово ќе биде до утре, а од вчера на подготовките се приклучи и Дејан Манасков. Филип Миркуловски допатува во Македонија, но со тренинзи со репрезентацијата ќе почне на 2 јануари во вториот дел од подготовките.
Македонија на Светското првенство настапува во групата во Мец, заедно со селекциите на: Тунис (12 јануари), Ангола (14 јануари), Словенија (16 јануари), Шпанија (18 јануари) и Исланд (19 јануари). Репрезентацијата за Франција ќе патува на 10 јануари.