
Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска изјави дека СДСМ ќе изгради нов, модерен и функционален универзитетски клинички центар за потребите на сите граѓани во Македонија.
– Ќе го вратиме концептот на единствен универзитетски клинички центар во којшто сите клиники ќе бидат функционално поврзани. Нема да ве препраќаат како досега од клиника во клиника. Здравствените услуги ќе бидат високо квалитетни, изјави Шилегов.
Според Шилегов, власта не го реализирала ветувањето од пред три години за нов клинички центар во Скопје.
– Денеска е 2 јануари 2017. Реалност се само тарабите, изјави Шилегов