Оваа таблета, покрај досега користените ќе содржи и нови препарати, кои значително го намалуваат шеќерот во организмот и истовремено ја намалуваат телесната тежина на пациентите, изјави дијабетологот Милан Квапил од прашката болница Мотол.
Според експертите, ова ќе им го олесни животот на дијабетичарите кои се принудени да земаат и по неколку различни апчиња на ден.
Доктор Квапил најави дека годинава луѓето кои имаат проблеми со концентрацијата на шеќерот во крвта ги очекува уште една новост, поквалитетни и попрецизни сензори за глукоза, односно уреди кои редовно го мерат нивото на шеќерот во крвта, како и нови инсулински пумпи за еднократна употреба, кои се контролираат преку мобилен телефон.
Промените ќе влијаат на повеќе од 800.000 Чеси кои страдаат од дијабетес.