
Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива без забрани по влажни коловози. Слаб снег врне во Кочани, Делчево, Берово, Крива Паланка, Страцин, Кичево и Прилеп и на планиските премини Маврово, Стража, Железнец, Пресека и Буково, кој не се задржува на коловозот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македоснка Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ потсетува и назаконската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.