Либертас напиша дека книгата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „Повторно величествена“ ја нема во Скопје. Секако тоа е лага, бидејќи истата е јавно достапна во City Mall во Скопје, во студиото Арс кое се наоѓа на вториот кат во трговскиот центар.
Од таму велат дека оваа книга од 200-на страници е една од најпродаваните и чини 490 денари.
Инаку ваквиот спин е како резултат на тоа што истата книга беше спомената во интервјуто кое го даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и за која кажува дека ја прочитал и дека е навистина добра книга.