
Најмалку пет полицајци се убиени, а 10 се повредени при напад врз контролен пункт во северниот дел на Синај, соопшти денеска египетската полиција.
Меѓу повредените има и цивили, а засега никој нема преземено одговорност за нападот.
Полицијата нагласи дека напаѓачите подметнале бомба во едно возило, а од експлозијата целосно се уништени три ката на контролната зграда.