Светското првенство во 2026 година ќе биде со 48 репрезентации

„Глобо Еспорте“ објавува дека ФИФА утре ќе потврди дека Светското првенство од 2026 ќе се зголеми на 48 репрезентации.

Новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино сака да направи некои радикални промени и да остави белег на своето владеење. Глобо Еспорте“ пишува дека челниците на ФИФА веќе ја донеле одлуката и таа официјално треба да биде ратификувана и објавена во вторник.

Изминатото Европско првенство за прв пат се играше со 24 репрезентации, реакциите за зголемувањето беа различни. Но голем дел од нив беа негативни, сметаа дека зголемувањето на квантитетот, влијае на намалување на квалитетот.