Жерновски и Богдановиќ си тераат маркетинг на грбот на бездомниците

Градоначалникот на општина Центар, заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на општина Центар“ се фалат со лажни информации.

Андреј Жерновски на својот фејсбук статус објави дека Центар е првата општина која започна со згрижување на бездомните лица и го окарактеризира како проект на ЈП „Паркизни на општина Центар“, чиј директор е Саша Богдановиќ.

Од една страна Жерновски и Богдановиќ бесрамно си тераат маркетинг на грбот на бездомниците, од друга страна пак, лажат дека ова е прв Центар за бездомници.

zernovski-status1

Градот Скопје години наназад дава пари на Црвениот крст за Центарот за бездомници во Момин Поток.

Во рамки на бројните активности кои се превземаат по пристугнувањето на студениот бран во Република Македонија и регионот, е и обезбедувањето на престој на бездомните лица. Во рамки на овие активност, Градот Скопје ја финансира работата на Црвениот Крст преку пунктот за бездомни лица во Момин Поток, кој од 30 декември до завршувањето на студениот бран работи 24 часа.

Покрај овој пункт, на територијата на Скопје, министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст, согласно насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи имаат отворено и други вакви слични пунктови за вдомување бездомни лица.

Пунктот за бездомни лица во Момин Поток функционира 8 години и истиот е отворен преку целата година, два пати неделно со следниве услуги- одржување хигиена, медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош, фризерски услуги, дневен оброк кога лицето е во пунктот. Градот Скопје е единствената единица на локална самоуправа која има изградено и финансиски го поддржува работењето на ваков пункт.

На располагање е стационар со капацитет од 16 кревети, отворен во текот на целата година за специфични категории и во ситуации на нарушено физичко и ментално здравје до момент на опоравување.

Црвен крст на град Скопје има евиденција за 148 бездомни лица на подрачјето на град Скопје, кои ги користат услугите на пунктот, додека дневно во просек пунктот го посетуваат до 45 лица.

Вкупниот трошок за функционирање на пунктот на годишно ниво изнесува 1.700.000 денари, од кои 500. 000 денари ги обезбедува Град Скопје, а преостанатите се обезбедуваат од донации и од буџетот на Црвениот крст на град Скопје.