Фрапе – освежително кафе за топлите денови

Штом се појави сонцето и живата не термометарот се покачи тогаш е време да заборавите на топлите пијалоци, чаеви и кафиња и да си подготвите, ладно и освежително фрапе.

Според легендата, грчкиот вид на фрапе бил измислен во 1957 година на традиционалниот меѓународен саем во Солун. Работејќи на некоја изложба, тогашниот грчки дистрибутер на Нестле производи, направил важно откритие. Тој на саемот не можел да најде топла вода за да го подготви своето кафе, па во тој момент при рака му се нашол шејкер, во него ставил инстант кафе на Нескафе со малку студена вода и енергично ја протресол чашата. На сметка на големиот продор на пена од чашата, тој за прв пат го пронашол кафето со пенлива фантазија препознатлива за Грција. Каде, кога и како оваа напивка го добива своето име е неизвесно. Набргу по неговиот пронајдок, оваа форма на пенливо кафе било промовирано од страна на Нестле во центарот Zappeion во Атина.

Но, според француската рецепта, фрапе е кафе со лажица сладолед од ванила.

 

Но, од 1963 година сладоледот веќе не бил дел од фрапето на Нестле. Следната реклама на Нестле за фрапе гласи: „Сé што треба да направите е во шејкер да ставите Нескафе, шеќер и ладна вода“.

Затоа, поканети ги пријателите и почестет се одлично, ледено кафе, а за тоа еве еден брз и вкусен рецепт.

Состојки:

1 чаша Нескафе

1/2 чаша млеко

1/2 чаша издробен мраз

1/4 лажичка цимет во прав

2  лажици сладолед од ванила

прелив од чоколадо

Подготовка:

Во миксер ставете го припременото кафе, 1 лажица сладолед, млеко и цимет. Миксирајте 5 – 10 секунди. Во поголема чаша ставете го најпрво издробениот мраз па преку него прелејте го миксираното кафе. Најгоре ставете ја топката сладолед и чоколаден прелив.