
Македонските ракометари се подготвени и одлично расположени пред денешниот меч против Тунис, на стартот од Светското првенство во Франција.
Капитенот Кирил Лазаров направи утринско селфи на доручекот, најавувајќи дека ова е ден за почеток на нов Мундијал.
Покрај Кире, на масата се и сите оние од кои се очекува да бидат главните носители на товарот на планетарниот собир. Ние само можеме да им посакаме вакво селфи, во победнички стил, да има и од соблекувалната, по средбата со Тунис.