
Инстаграм налогот на Моника Белучи е меѓу најпосетуваните профили на јавните личности на социјалните мрежи, за што придонесува и таа самата со објавување на несекојдневни фотографии.
Една од нив секако е и фотографијата, што Белучи неодамна ја објави на Инстаграм, на која позира во атрактивно издание со јака шминка и камшик во раката.
Оваа фотографија на Белучи во садо-мазо издание за многу кусо време доби речиси 30.000 лајкови.
Иако има 52 години, Моника Белучи и натаму изгледа прекрасно, а многумина се согласуваат дека таа оправдано се уште важи за една од најубавите жени во светот.