Хан им порача на Белград и Приштина да не го загрозуваат постигнатотo во дијалогот

Европскиот комесар за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска ги повика Србија и Косово да не го загрозуваат она што го постигнале претходно во дијалогот.

– Моја молба е да не се загрозува она што веќе е постигнато во дијалогот, и треба да се гледа напред, а не назад, изјави Хан, пред состанокот на министрите за надворешни работи од ЕУ во Брисел.

Иако на дневен ред на денешниот Совет на министри за надворешни работи на ЕУ се прашањата за Сирија, Либан и мировниот блискоисточен процес, новинарите ги интересираше и мислењето на Хан за можното „распаѓање на односите меѓу Србија и Косово“, пренесува Танјуг.

На прашањето дали претседателот на Србија Томислав Николиќ е тој кој гледа назад, Хан одговори: Секој кој не гледа напред, гледа назад.