
Ајфеловата кула, една од најпознатите туристички атракции во Париз, наскоро ќе стане и трговски центар.
Според планот за реконструкција која завршува годинава, ќе биде изграден шопинг центар, канцеларии, ресторани и театар. Новите објекти ќе се протегаат на површина од 5,5 илјади квадратни метри.
За да се зголеми енергетската ефикасност, проектот предвидува и соларни панели, резервоари за собирање и прочистување на дождовница, како и стаклени заштитни огради. Реконструкцијата на Ајфеловата кула ќе чини 25 милиони евра.