Во игра се парите на СОРОС, директното политичко влијание на СДСМ и БЕСА со цел да се фингира во општеството привидност дека сите се против составување на Влада предводена од ВМО-ДПМНЕ, а во суштина станува збор за политичка игра на неколкумина фактори поразени на последните избори.
Прибегнувањето кон вакви методи укажува и на очајот на СДСМ и огромниот страв и паника по изборниот пораз и желбата да се продолжи кризата преку неформирање на влада по секоја цена повторно втурнувајќи ја државата во уште поголема криза.
Еве како функционира спиралата СДСМ, СОРОС и БЕСА
Прво, многу од потпишаните на наводната иницијатива со која се бара ВМРО-ДПМНЕ да не состави влада, иако огромното мнозинство од 455 илјади гражани пред еден месец се одлучи токму за спротивното, се професори Aлбанци кои се на платен список на ФОН, каде газда е коалицискиот партнер на Зоран Заев, Фиат Цановски.
Потписниците на апелот Зекирија Идризи, Насер Етеми, Зинета Асани, Алринда Кадри, Казиме Шерифи, Башким Селмани се професори од ФОН и земаат директно пари од коалицискиот партнер на Заев, Цановски. Тие во албанската јавност и претходно се познати по нивните анти владини ставови, и ставови со кои се дава поддршка на позициите и ставовите на СДСМ максимално одработувајќи ги парите кои им ги дава Цановски.
Второ, додека сите граѓани го празнуваа коледе, и одеа кај своите најблиски, Заев отиде кај Беса. На таа тајна средба по која Заев немаше изјава за што се разговрало, сега од одредена дистанца многу лесно може да се предвиди што било договорено. На апелот на таканаречените албански интелектуалци освен професори на платниот список на коалицискиот партнер на Заев, има и основачи на Беса. Шабан Зендели е еден од основачите на БЕСА, а на истиот апел е потпишан и Џевдет Пожари исто така од Беса.
Дека има сериозна партиска конотација на целиот апел говори и факот што потписници се и луѓе од раководството на ПДП која секогаш важела за партија привезок на СДСМ во албанскиот блок. Еден од потписницитте е и Земир Елези кој е генерален секретар на ПДП. Вмешаноста на БЕСА го објаснува и фактот зошто во апелот се критикува нивниот конкурент ДУИ.
Трето, можеби е највидливо што е и заеднички именител на сите потписници е СОРОС. Повеќето потписници меѓу кој и Мерсел Билали, Сами Бислими, Осман Кадриу се јавуваат како носители на проекти на невладини организации финансирани или основани од СОРОС Македонија, која е пак главен спонзор на СДСМ и организација која кога се споменува има знак на равенство со СДСМ.
Тоа укажува дека и овој апел е финансиран дебело со парите на СОРОС со што уште еднаш директно се сака да се одработи против јасно изразената волја на граѓаните кои на демократски и фер избори го доадоа својот глас.
Првопишаниот на апелот Осман Кадриу бил претседател на соросовиот Хелсишнки комитет на Мирјана Најчевска и Уранија Пировска. Се работи за организација потполно ставена на дугме на СОРОС.
Мерсел Билали е и познат како член на управниот одбор на СОРОС кој досега во Македонија за корумпирање на граѓанскиот сектор и рушење на демократските основи потроши над 100 милиони евра во текот на своето постоење, организација која е главеен спонзор на СДСМ.
Овие таканаречени интелектуалци, инаку маша во рацете на опозицијата и платеници на СОРОС и претходно се ставале на директна услуга на СДСМ. Билали заедно со Кадриу, Карамети, Изаири и низа други птописници на овој фингиран апел се потписници и на апелот на таканеречните албански интелектуалци од мај 2015та година со кој ги повикаа граѓаните масовно да го поддржат протестот на СДСМ пред владата на кој пак беше објавено знаме со голема Албанија, и промовирана слика со 113та косовска бригада чиишто членови го предизвикаа вооружениот инцидент во Диво Насеље само неколку дена претходно и каде беа убиени 8 припадници на безбедносните сили.
Исто така меѓу потписниците на апелот има и компромитирани имиња обвинети за криминал. Па така „Утрински весник“ пишува за Башким Селмани кој е потписник на апелот дека бил обвинет за фалсификување на дипломи на Тетовскиот универзитет пред неколку години.
Потписникот на апелот Сами Бислими кој и претходно споделулал ставови на линија на СДСМ и давал отворена поддршка за СДСМ бил обвинет за криминал.
Вест пишува дека Сами Бислими како директор на јавното прептријатие за стопанисување на спортски објекти го оштетил буџетот за 16 милиони евра правејчи малверзации со издавањето на спортските објекти.
Дека не се работи за автохтон политички став на интелектуалци говори и фактот што зад апелот освен десетина имиња кои како што гледаме во анализата се политички и морално компромитирани, стои дека се потпишали и 45 други, без да се наведат кој се тие што говори за аматеризам и желбата да се манипулира по секоја цена. Тоа се 45 фантоми за кои не може да се верува дека вистински постојат или пак се уште повеќе комромитирани од веќе објавените имиња и се сака да се сокрие нивниот идентитет со цел да не се предизвика скандал.