Лавров: Го поздравуваме ставот на Трамп за борба против тероризмот

лавров

Тој годишната прес-конференција за резултатите на Министерството за надворешни работи во 2016 година, ја почна со прашањето за заканата од меѓународниот тероризам, истакнувајќи дека Москва е загрижена и оти жали поради фактот дека меѓународната заедница „и понатаму не може да формира заеднички фронт против тероризмот“.

Лавров додаде дека Русија е подготвена да соработува во борбата против тероризмот со која било држава, како и со САД, Европска унија и НАТО врз основа на взамено почитување.

Таквата соработка мора да биде постигната без наметнување на странски вредности на партнерите и сојузниците, истакна Лавров.

Тој  оцени дека новата американска администрација ќе има поинаков пристап.

Тие не планираат да користат двојни стандарди. Тие немаат намера да ја користат борбата против тероризмот за покривање на сопствените интереси, посочи Лавров.

Зборувајќи за руско-американските односи со администрацијата на Трамп и за перспективите на развој на односите со САД, Лавров наведе дека руските власти се реалисти и набљудуваат како новата американска администрација се подготвува за својот мандат.

Дури кога новата администрација ќе почне да работи, ќе можеме да зборуваме за некои перспективи, посочи Лавров.

Тој изрази надеж дека Русија и Трамп ќе можат поефикасно да соработуваат за Сирија отколку со администрацијата на Барак Обама.