„Евро за Вицето“ е идеалниот модел на Сорос за работење на општините

сорос

-Секогаш кога принципите на отвореното општество биле загрозени, ние сме биле тука да реагираме. И не само ние, главна улога  на граѓанското општество е да ја следи одблиску работата на властите, дали е тоа централна власт, дали е тоа локална власт, независно. И секојпат кога овие политики не се во интерес на граѓаните, обврска на граѓанското општество е да реагира. Морам да кажам дека во 30 набљудувани општини во Македонија Струмица беше на врвот долго време како најдобра- рече директорката на Фондацијата на Сорос Македонија, Фани Каранфиловска.

 Се потврди врската СДСМ-СОРОС

За лицемерието и тенденциозноста во извештаите на СОРОС-овите инсталации за работата на институциите најдобра потврда е признанието на Фани Каранфиловска. Таа и нејзината инсталација во невладиниот сектор ниту во минатото ниту вчера не спомена збор за воспоставената практика во Струмица градоначалникот Зоран Заев доделувал тендери на фирми на неговиот брат, братучед, братучетка, стрина, чичко, бизнис пајташи, партиски фирми и слично.

Соросовите инсталации не кажаа ни збор за видеото во кое јасно се гледа и слуша Зоран Заев како бара по едно евро за црквата и едно евро за Вицето, за општински комунални работи кои законски е должен да ги спроведе како Градоначалник на општината.

Согласно признанието  на Фани Каранфиловска во работата на општина Струмица немало никаква забелешка, дури ни кога се случуваше случајот Глобал, за кој Зоран заев и неговите соработници беа обвинети за криминал од 8 милиони евра, а потоа и аболицирани од страна на Бранко Црвенковски.

За Сорос нема ништо спорно во општина Струмица и во случајот со дивоградбата Цареви Кули, која Заев незаконски го легализираше, ниту пак во последниот случај со набавка на гас која го прави фирма на висок партиски функционер во СДСМ, која патем не ги исполнува условите.

Ако овие случаи во Струмица се доволни СОРОС да ја смета за најдобра општина, тогаш можеме да замислиме кој е капацитетот на оваа инсталација и каде се прават ваквите извештаи.