Македонија дел од 16-те најдобри на СП во Франција

Македонската ракометна репрезентација се најде меѓу 16-те најдобри репрезентации на Светското првенство кое се одржува во Франција.

Македонија обезбеди место во осминафиналето по нерешениот натпревар меѓу Словенија и Тунис.

За нашите ракометари денес беше слободен ден, а утре со почеток во 20:45 часот Македонија ќе го одигра натпреварот со Шпанија.