Вујовиќ: Ремито нека е подарок за цела Македонија

Веселин Вујовиќ големото реми со Тунис го посвети на Македонија, откако токму со голот на Блаж Јанц во самиот финиш Словенците го визираа нашиот пласман во следната рунда, пишува ЕКИПА.

-Ова беше исцрпувачки натпревар за нас, бевме на работ на пораз, но покажавме карактер и се вративме. Јас во последните седум осум минути размислував само за Македонија, за стручниот штаб и ракометарите, кои го гледаа мечот крај ТВ-екраните и очекуваа да одиграме како што знаеме. Еве, тука се и македонските новинари, ова реми нека биде подарок за Кире, „Жути“, Столе и за останатите македонски ракометари, знам колку македонскиот народ го сака ракометот и мило ми е што оваа селекција се пласираше во осминафиналето, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по натпреварот.