
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег.
Магла со видливост до 50 метри има на Плетвар, а снег со слаб интензитет паѓа во Kрива Паланка, Дебар, Ресен, Ѓавато, Пресека, Железнец, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Делчево, Велес, Неготино, Кула и Петровец, додека слаб дожд врне во Удово и Гевгелија.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.